Пакетчиња за корисниците на „Порака наша “

И корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост„ Порака наша  “  денеска добија новогодишни пакетчиња од локалната самоуправа. Подарувајќи  им ги пакетчињата градоначалникот Зоран Дамјановски им посака здравје и среќа во новата година. Надлежните се благодарни што првиот човек на Куманово никогаш не ги заборава лицата со интелектуална попреченост .

-Ова е убаво од нашиот градоначалник и му се заблагодарувам во име на децата, градоначалникот и советот на општината кои се нашите најголеми донатори, без нив тешко би можеле да опстојувам, изјави  Изјави Милован Видановиќ, претседател на „Порака наша“

Дневниот центар и во наредниот период ќе ја добива поддршката од локалната власт.

-Градоначалникот изрази една добра намера да ни помогне околу покривот кој пропушта, на пролет сакаме да го санираме а тоа ќе биде со поддршка на локалната власт, а и сакаме да се прошириме малку, иамме 21 штитеник сакаме да бидеме повеќе, да примиме повеќе деца имаме голема заинтересираност за нашите услуги, родителите сакаат да ги донесуваат овде, но заради просторните услови ограничени сме , изјави Видановиќ.

Освен општината , на „Порака наша“ доброволно им помага и бизнис заедницата.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)