Пакетчиња за лицата со попреченост

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска ги врачи признанијата на најдобриот полициски службеник, како и најдобриот пожарникар во градот за 2016 година.

За најдобар вработен во Секторот за внатрешни работи Куманово, по предлог на своите колеги е избран Марјан Христовски, додека за најдобар вработен во Територијалната против пожарна единица е прогласен Орхан Амети.

Со градоначалникот го испија утринското кафе, а како награда симболично во знак на благодарност им беа врачени часовници.

Тоа се луѓе кои ја одбележуваат годината со својата самопожртвуваност, своето присуство за безбедноста на граѓаните на градот. По тој повод денеска агендата за одбележување на новогодишнит еи божиќните празници ја отпочнуваме баш со средба со претставниците на МВР. Ми претставуав задоволство денеска да го примиме и да му врачиме едно симболично признание, награда во знак на сеќавање за неговата извршена работа во 2016 година, Марјан Христовски, од мое име и од име на граѓаните честитки за вашата покажана професионалност и се надевам дека ова ќе биде поттик и на вас и на Орхан за натамошни поголеми резултати во вашата кариера – изјави Дамјановски.

Полицискиот службеник Марјан Христовски, кој зад себе има повеќе од 20 години кариера во рамките на Секторот за внатрешни работи, кој работи во Оделот за брзи интервенции е добитник на овогодинешното признание за најистакнат работник.

Да се добие оваа награда во конкуренција на професионални кадри со какви што располага Полициската станица Куманово и Секторот за внатрешни работи Куманово претставува особена чест, здоволство и поттик за понатамошна работа, особено во оваа турбулентна година која претставуваше предизвик за полицијата. Да се биде најдобар полицаец секако е сатисфакција и мотив за понатамошна работа, а инаку мислам дека наградата се должи врз основа на пожртувваното извршување на работните обврски и задачи – изјави Христовски.

Орхан Амети кој три години работи во Територијалната против пожарна единица Куманово е прогласен од своите колеги и од општината за најдобар работник во 2016 година.

Прв пат ја добивам оваа титула, јас сум вработен пред три години и моментално сум прогласен како најдобар пожарникар. Твојата работа што ја имаш треба поштено да ја извршиш, да ги слушаш командите, ние сме колективна и хумана работа – изјави Амети.

Инаку оваа традиционално наградување се одржува веќе 12-та година по ред и истото ќе продолжи за да им се одаде признание на оние кои се грижат за безбедноста на граѓаните на Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)