Панел дискусија „Лице в лице со повратниците“

На тема „Лице в лице со повратниците“ денеска во салата на Занатскиот дом се одржа панел дискусија на која се разговараше за проблемот со реинтеграција на лицата кои од економски или други причини одлучиле својата егзистенција да ја побараат во европските земји, а поради низа причини не успеале да останат таму, па присилно или доброволно се вратиле назад во татковината.

Настанот беше во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, во соработкасо Германското друштво за интернационална соработка и Општина Куманово.

– Целта ние е повеќе да ги отвориме прашањата за реинтеграција на повратниците во нашата земја, гледано од локално ниво, во секој град, една е темата, но различни соговорници кои ги поставуваат на различен начин своите инпути и прашања. На маса ги седнавме сите засегнати страни во поглед на реинтеграција на повратници и се надевам дека дојдовме до некои соодветни решенија и заклучоци кои во иднина сигурно ќе влијаат на подобрувањето на состојбата на реинтеграцијата, изјави Маја Рованска, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Според анализите на организацијата „ДРОМ“ самите институции ќе треба да се вклучат во процесот на реинтеграција, затоа што нема евиденција за повратниците во Македонија.

– Увидовме дека повеќето од тие наши граѓани се вратени од странство, на пример како баратели на Азил, имаат проблеми во социјала, околу претежно социјалните примања, бидејќи увидовме дека над 80% од тие лица кои што се повратници се социјални случаи и тие заминуваат претежно како баратели на азил. Треба да се води таква евиденција, тука на оваа денешна расправа увидовме што со тие лица, како да се води таа евиденција, каде да се води евиденцијата, планираме да се отвори некоја канцеларија која исклучиво ќе работи со повратници и ќе се води таква евиденција, изјави Ахмет Јашаревски, директор на НВО „ДРОМ“.

Панел дискусијата заврши со изложба на 13 македонски уметници кои твореле на темата реинтеграција со цел да го потикнат јавното мислење за овој проблем.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)