КУД „Панче Пешев“ отворено за младите кои го сакаат фолклорот

Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ е отворено да ги прими сите младите кои го сакаат фолклорот. Иако уписите официјално се реализираат во септември, сите заинтересирани можат да се пријават во нивните простории, кои се наоѓаат во дворот на гимназијата „Гоце Делчев“, информираат надлежните од ова друштво.

Со младите работат успешни, долгогодишни кореографи, а пробите во моментов се изведуваат три дена во текот на неделата. Чланарината во КУД Панче Пешев изнесува само 200 денари.

Со цел да ги запознаат младите со успешната работа и функционирањето на најстарото културно уметничко друштво во Македонија, од „Панче Пешев“ изработија видео проект, кој го презентираа пред основците и средношколците во градот.

  • Целта ми е да привлечеме што повеќе млади луѓе во КУД „Панче Пешев“, а се разбира и во останатите кои работат во Куманово културно уметнички друштва и фолклорни групи да ги отргнеме децата од она што викаме злото на 21 век, бидејќи тие кога одат надвор кога добро ќе пеат, свират а нашиот фолклор е атрактивен, еден од најдобрите во светот, и го презентираат надвор од Македонија, сметам дека овие ансамбли се прави амбасадори на Македонија, народот и народностите-вели претседателот на КУД „Панче Пешев“, Мирослав Крстевски.

Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ веќе 93 години го презентира фолклорот, традицијата и културата на македонскиот народ, во државата но и надвор од неа.  

-Младите генерации, а се она што ќе се научи, што ќе го стекнат најдобро е да го презентираат пред своите граѓани, граѓаните на Македонија, а пособено интересот е тоа да го презентираат надвор од државата, на светски фестивали, каде ние во последните 10-20 години, навистина скоро секоја година учествуваме, ги водиме младите да видат и се стекнуваат дружења со млади луѓе, да видат нашите деца и друга култура, но да се презентира и нашиот богат култура традиција и се она што го одбележува македонскиот идентитет-додава Крстевски.

КУД „Панче Пешев“ годинава ќе организира и меѓународен фолклорен фестивал Куманово 2019. Планирани се и повеќе активности во соседните држави.

Коментари

коментар(и)