„Панче Пешев“ со подготовки за вториот меѓународен фестивал

Ансамбли од повеќе држави од Јужна Америка и од Грузија се планира да учествуваат на вториот меѓународен фолколорен фестивал во органзација на „Панче Пешев“, најави претседателот на Одборот за организација на фестивалот и на културно -уметничкото друштво , Мирослав Крстевски. Програмата за наредната година веќе е изготвена, вели Крстевски, а фолклорот на матичната држава ќе имаат можност да го претстават пред граѓаните на Куманово, шест ансамбли од различни држави. Интенцијата на организациониот одбор е секоја наредна година на меѓународниот фолколорен фестивал да учествуваат ансамбли од држави кои што не настапувале претходните години, а манифестацијата да биде повеќедневна , посочува Крстевски.

-Бидејќи сме поврзани во мрежа на фестивали на Југоисточна Европа која е во Бугарија, а ги опфаќа земјите Романија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Турција и други земји, доаѓаат повеќе ансамбли од Јужна Америка, од Индија, Кина, од Истокот.  Плнаираме од 14 екипи, 4 да обезбедиме и можам да ги најавам Мексико, алтернатива од тој дел на континентот ќе биде Порторико или Бразил и во еден разговор веќе ја договоривме Грузија да учествува, тоа е еден извонреден фолклор, исто така самите најавија учество од Кипар, така што ќе имаме околу 6 до 7 од надвор и до 8 ансамбли поквалитетни од Македонија за да и ние им покажеме на учесниците дека и ние имаме, а навистина имаме најатрактивен фолклор во светот и секој би сакал и да се дружи и да настапува и да го гледа македонскиот фолклор, изјави Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“

Првиот меѓународен фолколорен фестивал , „Панче Пешев“ успешно го реализираше летово од 16-ти до 18-ти јули во центарот за култура, а деновиве во салата на МКЦ „Козјак“ беше промовиран и видео запис од трите фестивалски вечери каде што настапија 12 културно -уметнички друшта и ансамбли од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Колумбија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)