Парична и хуманитарна помош за загрозените семејства

На семејствата од населбата „Тоде Мендол“ чии куќи беа оштетени во вооружениот судир ќе им биде доделена парична помош од 100 илјади денари обезбедена од Владата. Средствата ќе бидат доделени по евидентирање на штетите од страна на комисиите за проценка кои ќе излезат на терен. Исто така Владата ќе ги плаќа сметките за кирија на раселените лица се до санирање на нивните домови. Комисија составена од членови на кризниот општински штаб  ќе ги посети граѓаните кои се јавиле во контакт центарот за да ги утврди нивните потреби. Општината по добивање на првичните списоци обезбеди пакети со хуманитарна помош за населението. Раселените лица ќе можат да ги подигнат пакетите во просториите на Општината , а на населението кое се наоѓа во населбата „Тоде Мендол“ хуманитарна помош ќе им биде доделена во месната заедница.

-Пакетите кои Општината ги дава се состојат од 25 кг брашно, 5л зејтин, 3 кг шеќер, 1 кг сол,  12 л млеко во тетрапак, 10 пакетчиња сув квасец,  5 конзерви паштета, 5 конзерви риба и месен нарезок – вели Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово

Хуманитарна помош обезбедена  од Општината се состои од храна и средства за хигиена, а доколку одделни семејства имаат мали деца дополнително ќе им бидат доставени храна и пелени. Освен Општината хуманитарна помош за околу 100 семејства од населбата „Тоде Мендол“ обезбеди и Црвениот крст. До сега има регистрирано јавувања на 57 семејстава во контакт центарот, повеќето го пријавуваат нивното раселување во местата каде се привремено сместени. Денес немало побарано сместување во згрижувачки центри бидејќи голем број на семејства веќе се заминати во своите домови, а останатите се сместиле кај свои роднини и пријатели.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)