Парк вреден половина милион евра, најави Ѓорѓиевски

Нови инфраструктурни проекти, изградба на детски градинки и паркови за рекреација денеска на прес конференција од Скопје, најави кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

Најави подобрување на комуалната инфраструктура на територијата на целиот град, меѓутоа и решавање на проблемот со водоснабдувањето, кој е типичен за Куманово во изминатите неколку години, особено во летниот период.

Конечно решавање на постојните проблеми со водоснабдувањето во Општина Куманово, повеќедеценискиот проблем со хроничниот недостаток на вода низ целата година на повиоските зони во градот, да понудиме конечни решенија за претстојниот период од 20 години, со реактивирање на постојниот тутунски вод, барање нови решенија за зголемување на дотур на вода до фабриката за вода во Куманово. Со оваа во Куманово основната потреба за нормално живеење ќе биде успешно решена за сите делови од градот и со понатамошното ширење на градот – вели Ѓорѓиевски.

Намалување на невработеноста со отворање на ТИРЗ зона во близина на коридорот 10 е исто така дел од програмата на Ѓорѓиевски со која ќе ја бара довербата од граѓаните, но една од покрупните инвестиции кои ги најавува според партиската програма е изградба на парк вреден половина милион евра.

Изградба на рекреативен парк Студена вода, изградба на парк во вредност од 500.000 евра во кој ќе бидат опфатени објекти со културни, спортски и угостителски површини на површина од 10 хектари со трим патеки за трчање и рекреација, со патеки за пешачење во локалната шума која се простира на површина од 25 хектари. Паркот ќе опфаќа и патеки за велосипедизам, мултифункционални игралишта и реконструкција и изградба на локалниот пат до локалитетот на клучка на патот Куманово – Свети Николе во должина од 800 метри.

Во програмата на Ѓорѓиевски место ќе најдат и неколку кружни токови и сообраќајни решенија. Најави и изградба на спортски сали во неколку училишта, спортски терени, но и нова меѓуградска автобуска станица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)