Партиите започнаа со предизборни активности

Политичките партии во градот ги интензивираа активностите за престојните парламентарни избори.  Додека дел од партиите веќе започнаа со штабско работење, други се уште се сконцентрирани на внатрепартиската организација. СДСМ досега отвори неколку штабoви, а се најавува дека во наредниот период ќе се интензивира работата. Од таму, додаваат дека за време на редовната кампања која трае 20-ина денови, на територија на општината ќе имаат околу 40 штабови.

-На старт пред почеток на Нова година ќе започнеме со отворање на неколку штаба тоа ќе бидат пет или шест, а нормално после завршување на новогодишните и божиќните празници ќе пристапиме кон отворање на сите останати месни штабови таму кај што има потреба, барање од нашето членство по претходна анализа ќе оцениме како општински штаб дека е потребно да биде покриено на определ дел-истакна  претседателот на општинска организација  на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски.

Костовски кој инаку е назначен за нов шеф на општинскиот изборен штаб на СДСМ, нагласи дека работат на сондажи, анкети, мислења, според кои треба да се подготви програмата која што ќе им се понуди на граѓаните.

И останатите политички партии се во подготовки за да после новогодишните и божиќните празници ги отворат штабовите. ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, во моментов се насочени на внатре партиско работење. Од Новасоцијалдемократска партија нагласија дека неделава треба да го отворат изборниот штаб. Претседателот на НСДП, Свето Петрушевски кој воедно е и шеф на изборниот штаб, нагласи дека веќе се избрани лицата кои ќе раководат со штабовите.

 
 
 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)