Патронен празник на касарната „Боро Менков″

Касарната  „Боро Менков“  денеска ја одбележува 77 годишнината од загинувањето на народниот херој , чие име го носи. По интонирањето на химните на РМ и на АРМ и оддавањето почит со едноминутно молчење на загинатите учесници во НОБ, свежо цвеќе пред бистата на херојот во касарната положија командантот на ЗОК, заменик командантот на Прва механизирана пешадиска бригада, командантот на касарната, членови на сојузот на борци од Куманово, градоначалникот на општина Куманово, директори на јавни претпријатија и образовни установи. Пред присутните се обрати командантот на касарната потполковник Ердоан Хасан, кој се осврна на учеството на Боро Менков во востанието на 11 –ти Октомври, неговото дејствување во Карадачкиот партизански одред, борбата и загинувањето.

-Денес го одбележуваме патронатот на касарната и со задоволство можеме да истакнеме дека сме горди што ги продолжуваме светлите традиции на нашето минато. Ние ќе направиме се името на народниот херој Боро Менков да остане во меморијата на младата популација и идните генерации. Идеалите за храброст, херојство, пожртвуваност и патриотизам кон сопствената држава и народ на Боро Менков и неговите соборци како да се пренесени на сегашните генерации. Како и тогаш, така и сега задачите и обврските се големи, а целта е иста. Сите ние сме во функција на народот и државата, а со нашата храброст и патриотизам низ секојдневните активности и ангажирања го докажуваме тоа , изјави Ердоан Хасан, командант на касарна „ Боро Менков“

Патронот на касарната „Боро Менков “ бил прогласен за народен херој на 30 –ти  декември 1951-та  година , со уште 65 –мина учесници во НОБ, рече во своето обраќање пред присутните историчарот од кумановскиот Музеј, Јасмина Глигоровска.

Културно- уметничката програма по повод патрониот празник  на касарната ја збогатија ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ со рецитали и музичка точка, а свој придонес дадоа и дечињата  од градинката „Ангел Шајче“.  Во рамки на прославата традиционално се одржа и крводарителска акција во просториите на касарната. На одбележеувањето на патронот присуствуваа претставници од претпоставените команди, од државната управа, јавните установи, правни и физички лица со кои  соработува Армијата на Република Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)