Патронен празник на центарот за култура

Со концерт, центарот  за култура „Трајко Прокопиев”  вчеравечер го прослави својот патронен празник, 110 години од раѓањето и 30 години од смртта на великанот на современата македонска музика, композиторот Трајко Прокопиев, чие име го носи установата. Пред кумановската публика беа изведени дела компонирани од Трајко Прокопиев , но и дела од други композитори.

-Имавме три хора, хорот на основното училиште „Кочо Рацин“, хорот „Кочо Рацин“ од Скопје и хорот „Света Злата Мегленска“ од Скопје. Центарот за култура постои 40 години така што ние се надеваме дека ги оправдуваме очекувањата на кумановци, тука сме да го збогатуваме културниот живот во градот и се надеваме дека така и ќе продолжиме и во иднина, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „ Трајко Прокопиев“

Одбележувањето на патрониот празник годинава се преклопи со 500 години постоење на градот и со Куманово – град на култура заради што програмата  беше малку збогатена, вели Тодоровски.

-Како што најавив и на концертот, завршена е едната кубусна сала, проект добиен од министерството за култура , а во завршна фаза се и проектите кои што се од клучно значење за центарот за култура , а тоа е проектот за гасификација и проектот за реконструкција и адаптација на зградата на Театар Куманово и очекуваме идната 2020-та година тие проекти да се стават во функција, односно да се реализираат, изјави Тодоровски. 

Инаку, Трајко Прокопиев е роден на 6 ноември 1909-та година во Куманово, дипломирал на Музичката школа во Белград , а се школувал и на Прашкиот конзерваториум .  Добитник е на бројни државни награди, меѓу нив и за животно дело. Со богатото петдецениското творештво кое влегува во историјата на музичката литература на помладата македонска музичка култура, со компонирањето на вредни дела, хорски композиции ,  филмски музички дела и многу други камерни композиции,базирани на теми и ритмички структури на богатото македонско фолклорно наследство, Прокопиев станува препознатлив и влијателен композитор чии што дела биле оценети од своите современици со највисоки оценки

Коментари

коментар(и)