Утре ќе се одржи 56-та седница на Советот

Утре ќе се одржи 56-та седница на Советот на Општина Куманово. Советниците ќе дискутираат за 16 точки, меѓу кои и за преземени мерки и активности во текот на 2020 година на полициската станица од општа надлежност Куманово, извештаи за работа на ЈП  Куманово -гас, Водовод, Куманово план.

Ќе се разгледува и извештајот за реализација на програмата за развој на спортот и рекреативни активности, предлог-одлука за давање согласност за аплицирање на Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан, како и предлог – програма за управување со отпад.

На дневниот ред ќе се најде точка и за давање согласност на ценовникот за услугите за шлеп служба за отстранување на оштетени возила и возила во дефект, дополнување на одлуката за утврдување на висина на комуналните такси.

Советниците ќе одлучуваат и за давање на трајно користење електронски уреди-таблети, сопственост на општината, на основни и средни училишта.

Седницата како и претходните ќе може да се следи во живо на ТВ Плус, со почеток во 10 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)