Пензионерите го одржаа концертот „Мајски ракувања“

Мајски ракувања е насловен концертот кој  синоќа во Центарот за култура Трајко Прокопиев го одржа Здружението на пензионери. Концертот е по повод 70 години пензионерско организирање, но и во чест на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Кумановци имаа можност да уживаат во музичко-сценската точка на културно уметничкото друштво Ѓоко Симоновски.

-Ова претставува една извонредна можност што повеќе пензионери да учиме во работата на културно уметничките секции, да може слободно време да го користат на еден организиран начин, да подготвуваат програми кои ние ги презентираме понатаму не само на нашите пензионери туку и за граѓаните на Куманово-изјави Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери.

Присутните го проследија и настапот на културно уметничкото друштво на пензионери од Смедеревска Паланка, кои беа овогодишни гости.

-Прилично сум возбудена од доаѓањето во Куманово  бидејќи вашите уметници, наши пензионери, пријатели беа кај нас ни беше многу драго, тие многу убаво си поминаа и сега одлучија и ние да ја возвратиме посетата. Ние го прифативме тоа и ни беше повеќе од драго -истакна Мица Ѓурѓевиќ Здружение на пензнионери Смедеревска паланка.

Инаку Здружнието на пензионери организира ваков концерт и во чест на Денот на ослободување на Куманово.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)