(ВИДЕО) Пензионерите и утре може да подигнат ваучер

Здружението на пензионери „Куманово“ започна со поделба на вредносни ваучери на членовите кои примаат најниска пензија. Предвидено е денеска и утре да бидат поделени 750 ваучери од 1.000 денари за членовите кои примаат пензија до  11.000 денари.

–Интересот денеска не е многу голем, сметам дека веројатно уште не разбрале. Имаме 750 ваучери, од 09 часот утрово до сега , 11.30 часот, дадовме околу 250. Ќе продолжиме да работиме се додека има интерес денеска со тоа што пензионерите кои што не разбрале може да дојдат утре од 09 часот . Пензионерите треба да донесат чек од пензија од банка, не мора да биде од последен месец, но да биде од 2021 година, јануари, февруари, март, април, да донесат еден чек и фотокопија од лична карта за идентификација дека пензионерот е тој што го зема вредносниот ваучер, изјави Благе Јакимовски, претседател на здружението на пензионери „Куманово“.

Јакимовски апелира, пензионерите кога ќе ги подигаат ваучерите, да ги почитуваат препораките, да носат маска и да држат дистанца пред здружението. Тој нагласува дека нема право да се пријават пензионерите кои веќе користеле ваучер во 2019 и 2020-та година.

Оваа активност влегува во годишната програма на здружението врз основа на планираниот финансиски план.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)