Пензионерите организираа шаховски турнир

Здружението на пензионери Куманово денеска организираше шаховски турнир на кој учествуваа пензионерите од здружението од Бутел од Скопје. Учествуваа 14 екипи а една партија шах траеше 10-ина минути.

– Ова е меѓусебна средба така што нашите пензионери и шахисти беа минатата година сега возвраќаат колегите од Бутел и оваа денешна меѓусебна средба е една дружба, спортување на нашите пензионери да излезат од дома да другаруваат-истакна Љубе Димитриевски, претседател на комисија за спорт ЗП Куманово.

-Дел од нашето здружение екипата за шах дојдени сме на дружење и натпреварување. Нашата екипа и екипата на домаќините Куманово да си ги проверат силите, да видиме кој е подобар, минатиот пат ние бевме послаби, сега се надеваме да бидеме подобри. Првенствено сме дојдени за дружење но покрај тоа имаме натпревар во шах нема некој посебен повод, за ден или свеченост туку сме дојдени само за дружба за стареење без проблеми-дополни Ристе Волчески, претседател на комисија за спорт, ЗП Бутел.

Во наредниот период на членовите на спортската секција при Здружението на пензионери Куманово им следуваат атлетските дисциплини, а ќе започна и со подготовки за општинските и регионалните натпревари како и за државното првенство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)