Пензионерите организираа „Шегобијна разгледница“

Во Знаетчискиот дом синоќа се одржа поетско музичка вечер насловена Шегобијна разгледница, која ја организира Здружението на пензионери, односно Комисијата за културно-уметнички самодејности, по повод 1-ви април, Денот на шегата и смеата.

Пензионерите ги презентираа своите поетски творби кои содржат шегобијна содржина. Творбите на тема Весели кумановци за што беше распишан конкурс ги избера комисијата за селекција при Здружението на пензионери Куманово.

-Ние од комисијата, што бевме членови, имавме констатација дека сите творби посветени за овој ден, ден на шегата, веселиот кумановец, стигнати на време, да ги прифатиме како целосно одговорени на темата која беше барана. Водителката рече дека куманово отсекогаш бил град на шегата, смеата па затоа и ние кумановци секаде сме примени како луѓе со позитивна енергија, луѓе кои создаваат атмосфера на расположение а и вечно млади-истакна Марија Теодосиевска, Комисија за селекција.

Вечерта беше збогатена и со настап на пензионерите при културно уметничкото друштво Ѓоко Симоновски. Пред присутните се обрати и новиот претседател на здружението, Благе Јакимовски, кој се заблагодари на поранешниот претседател за досегашното успешно работење, при што вети дека и тој во иднина ќе се залага Здружението на пензионери да го задржи постигнатото ниво.

-Денеска да го одбележиме први април, денот на шегата и смеат кој се слави во целиот свет. Денешната манифестација Шегобијна разгледница е организирана од претходниот претседател и извршниот одбор, јас имам прилика само накратко да учествувам во определен дел. Големо ми е задоволство и чест што денеска ви се обраќам и да се заблагодарам првин на комисијата за културно уметнички самодејности при здружението на пензионери Куманово кое ја организира оваа манифестација. Се заблагодарувам на сите учесници, кои ќе учествуваат, заврши со музика хорот, ќе учествуваат и фолклористи. Посебно се заблагодарувам на авторите на одредени песни и скечеви-изјави Благе Јакимовски, претседател на  Здружение на пензионери.

Оваа манифестација се организира веќе 18 години.

Коментари

коментар(и)