Пензионерите со низа спортски натпревари

Богата спортска недела во здружението на пензионери Куманово, а уште поголема заинтересираност од членовите за учество во  спортските дипциплини.  Повеќе од 100 пензионери се дел од натпреварите во органзација на здружението. Во рамките на 22 –те натпревари на ниво на здружението вчера и денеска се одржаа натпревари во шах, информираат надлежните.

-Во четврток на 11 мај во здружението  ќе бидат одржани натпревари во домино и табла,  машка и женска конкуренција , а во сабота ќе има свечено отворање на натпреварите на полигонот односно терените на техничкото училиште . Ќе бидат одржани натпревари во атлетските дисциплини , во трчање на 60 метри за жени, трчање на 80 метри за мажи, скок од место, теглење на јаже , шутирање на пенали и шутирање на мали голчиња. По завршување на овие натпревари ќе бидат свечено прогласени сите поединци и екипи кои што ќе учествуваат на 23 мај на регионален натпревар во Пробиштип, изјави Љубица Кузмановска, Здружение на пензионери Куманово

Во здружението на пензионери биле одржани натпревари во пикадо во женска и машка конкуренција , а на почетокот на неделава натпревари се одржале и во стрелаштво во машка и женска конкуренција.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)