Пензионерите со претставата „У кафанче карши Станче“

Љубителите на театарот синоќа во салата на основното училиште Христијан Карпош, во населбата Перо Чичо, имаа можност да ја проследат претставата У кафанче карши Станче, која што ја изведе драмската секција при Здружението на пензионери. Се работи за музичко кабаретска претстава која е работена по текстот на Новко Петрушевски и Миланка Зафировска, а во режија на Лазар Ѓорѓевиќ.

– Се работи за една група на луѓе кои од некои бриги секојдневија или радости се собираат во една кaфeана и таму има различни доживувања односно искажани судбини, што е кафeана за нив, се зборува за различни теми за некои пропаднати љубови, актуелни ситуации, транзиции во општество, тоа е една кабаретска претстава напревена со добри глумци и би сакал да истакнам дека пензионерите навистина се однесуваат како професионалци. Дисциплинирани, одлично научени текстови –истакна режисерот Ѓорѓевиќ.

Пензионерите кои што се вклучени во претставата истакнаа дека се среќни што кумановци се заинтересирани за делото. Драмската секција при Здружението на пензионери Куманово е планирано да учествува на драмскиот аматерски фестивал на театарите од државата кој ќе се одржи во Кочани.

 

 

Коментари

коментар(и)