Пензионерите ја изведоа претставата „Зла жена“

Во преполната сала во Занаетчискиот дом, пензионерската група при аматерскиот театар синоќа премиерно ќе ја изведе претставата Зла жена. Љубителите на театарот уживаа во комедијата која е во режија на Стоје Додевски а е според текстот на Јован Стерија Поповиќ.  Делото зборува за лоша жена која сака да биде се по нејзино, така била воспитувана од мали нозе, тоа го применува во текот на својот живот.

-Сега нешто се менува, игра на случајност, се наоѓа на друго место во занаетчиска работилница, таму мајсторот не ја препознава својата жена мисли дека не е негова, таму добива и некои превентивни мерки и така се преименува во добра жена. Стар текст, одамна пишуван, чисто како забава ја правиме. Од нив сум задоволен знам дека со оваа екипа уште во здружението на пензионери кога работев со нив ги познавам се знаеме-истакна режисерот.

Поради големиот интерес на кумановци за претставата, се очекува организаторите да организираат и репризно издание.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)