Пензионерите ќе ја изведат претставата „Зла жена“

Пензионерската група при аматерскиот театар во среда во Занаетчискиот дом премиерно ќе ја изведат претставата Зла жена. Комедијата е во режија на Стоје Додевски а по текстот на Јован Стерија Поповиќ. Режисерот истакна дека е задоволен од работат со талентираните пензионери.

-Самиот наслов зборува за Лоша жена која сака да биде се по нејзино, така била воспитувана од мали нозе, тоа го применува во текот на својот живот. Сега нешто да промени игра на случајност, се наоѓа на друго место во занаетчиска работилница, таму мајсторот не ја препознава својата жена мисли дека не е негова, таму добива и некои  мерки и така се преименува во добра жена. Стар текст, одамна пишуван, чисто како забава ја правиме. Од нив сум задоволен знам дека со оваа екипа уште во здружението на пензионери кога работев со нив ги познавам се знаеме-истакна режисерот.

Актерите се надеваат дека претставата ќе предизвика интерес кај кумановци.

-Јас во Здружението на пензионери учествував во повеќе претстави сега после подолг период благодарение на режисерот ме покани да играм и јас сум зла жена ова е прв пат да врескам, играм, интересна улога но и тешка. Благодарение на колегите се надевам дека претставата ќе доживее голем успех-вели Надежда Булатовиќ.

Претставата ќе се игра во Занаетчискиот дом на 18-ти месецов, среда со почеток во 20 часот.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)