Периодот за ловење диви свињи продолжува до 31. март

Периодот за ловење на диви свињи се продолжува до 31ви март, под посебни услови, и во дозволените региони, информираше министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николоски.

Тој објасни дека одлуката е согласно мерките преземени од страна на Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство, а со цел спречување и ширење на африканска чума кај свињите која е присутна во две одгледувалишта во нашата држава.

-Состојбата со оваа болест внимателно се следи од министерството и Агенцијата за храна и ветеринарство и се преземаат сите потребни мерки за навремено спречување и санирање на оваа зараза, објави министерот.

Коментари

коментар(и)