„Перо Наков“ освои прво место на „Образовно рандеву“

Учениците од економското училиште Перо Наков минатата недела освоија прво место на Образовното рандеву, за најдобра изведба на претставата Госпоѓа Министерка. Манифестацијата на која учествуваа над 20 училишта од државата, традиционално како и претходните години ја организираше Младинската асоцијација на средни стручни училишта во Македонија. Училиштата имаа можност да се напреваруваат во неколку категории, не само за најдобра драмска изведба, туку и за интервју за работа, јавно говорење, маркетинг план, најдобар бенд,  видео реклама, филм, веб страна, штанд, модна ревија, поетска творба, спорт и слично. Професорот Сашо Тодоровски, истакна дека нивното училиште се натпреварувало во неколку категории, но првото место го освои за одличната изведба на комедијата.

-Наградата лично за мене значи голема сатисфакција, бидејќи ова е претстава која ја подготвувавме заедно со учениците 4 месеци, тие од тоа научија како е да се биде одговорен и доколку нешто навистина вредно се работи тоа ќе има успех-изјави тој.

Учениците кои играа во претставата, истакнаа дека се воодушевени од реакцијата на публиката.  Нагласија дека признанието им е поттик за уште поуспешни други драмски изведби. Кумановската публика досега два пати имаше можност да ја проследи претставата Госпоѓа Министерка. Поради големиот интерес третото репризно издание е закажано за 6-ти мај.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)