„Перо Наков“ потпиша меморандум за соработка со МЦГО

Во средното училиште „ Перо Наков “ започнува имплементација на аксес програмата поддржана од американската амбасада во Скопје.

Директорката на училиштето Лидија Тасевска денеска во просториите на општина Куманово потпиша меморандум за соработка со македонскиот центар за граѓанско образование кој што е надлежен за спроведување на оваа програма, која што веќе втора година се имплементира во Македонија.

-Програмата е наменета за изучување на англискиот јазик, американската култура,  обичаи и и традиции преку еден не класичен начин со интерактивно изучување на програмата. Училиштето е одбрано пред се заради добрата соработка со општина Куманово. Проектот е предвиден да трае две години, 25 ученици се опфатени. Искуствата се одлични, децата се задоволни, видоа многу нови работи,многу  научија за американската култура за историјата за јазикот, имаше многу интересни гости и од Америка кои што дојдоа да ги посетат , изјави Маја Костова, МЦГО

„Перо Наков “ е второ училиште во државата во кое што ќе се спроведува оваа програма.

-Ќе бидат вклучени наши професори кои што ќе држат настава по англиски јазик , 25 ученици од различни етнички заедници, што значи дека ќе има можност и за дружење и за соработка, пријателство и за учење. Предавањата ќе бидат во нашето училиште, во библиотеката која што дополнително од организацијата ќе биде опремена со најсовремени надгледни средства што исто така ќе бидат добар бенефит за училиштето, изјави Лидија Тасевска, директор на СОУ „Перо Наков“

-Ќе имаме настава во природа, екскурзии, меѓусебни дружења, на некој начин ја поттикнуваме дружбата помеѓу различните етнички, верски заедници и на тој начин создаваме граѓанско општество. Англискиот јазик го избравме бидејќи е во најголем процент во употреба во светот, 83 земји во светот ја практикуваат оваа програма, а опфатени се околу 100.000 граѓани,  изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Минатата година аксес програмата била имплементирана во училиштето Кочо Рацин во Велес.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)