„Перо Наков“ со Еразмус проект

„Интегрирање на деца со посебни потреби во образовниот процес“ е насловен проектот што го реализираат професори од средното општинско училиште Перо Наков во партнерство со невладина организација од Италија,  поддржан од Националната агенција за европски образовни програми. Според координаторот на проектот, Фросина Николовска, во нашата држава постои законска рамка со која што се врши интегрирање на децата со посебни потреби во образовниот процес, меѓутоа недостасуваат одредени системски решенија за успешно имплементирање на законските прописи.

-Она што го дознавме во Италија а се однесува на постапката за интеграција, постапката започнува со тоа што комисија од стручни лица од лекари, професори, социолози, најпрвин дава мислење за учениците кои што би требале да се вклучат во процесот на образование. Во тоа мислење е наведено кои се можностите и кои се ограничувањата на децата со посебни потреби. Откако ќе се добие мислењето наставниците врз основа на можностите на децата со попреченост изработуваат индивидуални образовни програми да со помош на нивните можности ги надминат недостатоците на тие деца и успешно да ја реализираат наставната програма. Секое дете со попреченост има teacher support, има поддршка, посебен наставник кој работи со тие деца за време на реализирањето на наставата. А овие наставници се стручни од аспект што мора да поминат двегодишна обука и да поминат 1400 часови обука во која што ќе научат како да постапуваат со децата со посебни потреби. За време на реализацијата на наставата секој наставник си работи нормално на своите часови, teacher support е тој кој овозможува реализација на индивидуалната образовна програма и поддршка на учениците. Тоа започнува уште од основно училиште, потоас е поминува на средно училиште и потоа овие ученици со помош на невладини организации успешно се вклучуваат во процесот на работа односно аплицираат како нормално за работно место во одредена фабрика или во одредени производни погони кои што се во рамките на самите невладини организации. Тоа значи дека овие лица имаат компелтно интегрирање во општествениот процес, почнувајќи од најмали нозе од основно образование, средно па до вклучување во процесот на работа, изјави Фросина Николовска, координатор на проектот  

Во рамките на проектот професорите од „Перо Наков“  посетиле основно и средно училиште во Италија, но и невладина организација каде што лица со посебни потреби произведуваат хартија за изработка на подароци и заработуваат плата.

-Покрај тоа што учениците со попреченост имаат поддршка од teacher support за секој ученик, олеснителна околност за нас наставниците е што таму во основното училиште во кое бевме во посета ни покажаа учебници, конкретно да кажам бидејќи сум професорка по математика, учебник по математика, кај кој што за секоја глава си има посебни задачи означени со посебни симболи, за ученици со попреченост. Малку е проблем кога се работи со учениците со попреченост, тие не се вклопуваат во материјата што се изучува, изјави Фросина Насковска, учесник во проектот

Пристапот до квалитетно образование е основно право на секое дете, но  некои деца едноставно го пропуштаат училштето само затоа што се различни, посочува професорката Фросина Милошевска.

-Факт е дека според статистичките податоци 3 од 4 деца не посетуваат настава, од разни причини, поради физички бариери, недоволна поддршка итн. Затоа сметам дека ни се потребни реформи во оваа сфера на образование, реформи кои што ќе придонесат за такво образование од кое што и ние како наставници ќе бидеме дел и се разбира учениците, децата со попреченост. Во разговор со нашите колеги од Италија дознавме дека во нивните училишта постои инклузивен тим, кој што работи со децата со попреченост, со нивните родители, им даваат максимална поддршка во извршување на сите задачи. Исто така дознавме дека самиот процес на инклузија на децата со попреченост  воопшто не  е лесен, ниту пак е краткотраен. Се работи за динамичен процес кој што бара максимален ангажман од страна на сите, од министерството, општината, училиштата, наставниците, од страна на родителите. Затоа сметам дека самиот процес на инклузија не треба да биде нешто доплнително во наставата, туку не делив дел од редовната настава, Изјави Фросина Милошевска, учесник во проектот

Професорките вклучени во проектот велат дека целта на процесот на инклузија е кај децата со посебни потреби да се развие нивниот потенцијал, а не да се потенцира нивниот недостаток, што е многу мотивирачко за самите деца, додавајќи дека  инклузијата не се однесува само на децата со физичка и интелектуална попреченост, туку се однесува и на деца кои што потекнуваат од семејства од ранливи категории, деца кои што раснат во семејство во кое некој  од родителите е зависник од нешто, на деца кои што се маргинализирани поради социјални проблеми.

Имплементацијата на проектот од Програмата Еразмус + „Интегрирање на деца со посебни потреби во образовниот процес“ започна годинава, а ќе трае до септември.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)