Перформанс на ЦИД по повод Светскиот ден на младите

Четириесетина млади волонтери од Центраот за интеркултурен дијалог изведоа перформанс на градскиот плоштад по повод Светскиот ден на младите преку кој ги претставија проблемите кои ги засегаат, а тоа се нееднаквоста, сиромаштијата и климатските промени. Настанот е организиран од невладината организација во соработка со српски и албански здруженија, а има за  цел да ја подигне свеста кај младите за пронаоѓање на решение за овие проблеми.

– Би сакала да ја искористам оваа прилика да ги повикам младите во поголема инклузија на процесите на донесување одлуки и креирање на политики и да ја подигнеме инклузијата на млади луѓе кои се вклучени при донесување на одлуки, изјави Тамара Лазаревска од ЦИД.

На 24-ти септември се донесува новата декларација на Обединетите нации, која ги обврзува земјите членки да се потрудат да го направат светот подобро место за живеење во наредните 15 години, па токму поради тоа оваа година е многу значајна за младите кои влијаеле или влијаат врз општествените промени, велат од Центарот за интеркултурен дијалог.

– Ако државите кои ги усвојуваат целите за еден месец навистина се посветат на нивно решавање, би требало овие три проблеми, за кои говори перформансот, да бидат доведени на пониско ниво до 2030 година како што е ставено во програмата на ОН и програмата која се усвојува во септември,  изјави Стефан Маневски од ЦИД.

Маневски се надева дека овој перформанс ќе допре до свеста на луѓето, така што во наредниот период граѓаните ќе се активираат помасовно за решавање на проблемите кои ги засегаат младите. Центарот за интеркултурен дијалог за прв пат организира ваква манифестација која ги обработува целите за оддржлив развој, бидејќи станува збор за релативно нова развојна рамка, која би требало да го смени начинот на кој се развива општеството.

-Сакаме да не бидат изоставени граѓаните, затоа што развојната рамка, пред се, ќе влијае на нас и начинот на кој ние живееме, а не е нешто што останува во политичките фиоки. Затоа се надеваме дека што е можно повеќе граѓани ќе се заинтересираат за оваа рамка и ќе се вклучат со сопствени идеи. Ако збориме за нееднаквост и каква е нееднаквоста во македонија би требало да се обрне внимание и да се решат, вели Маневски.

Инаку Центарот за интеркултурен дијалог дава големи напори за решавање на проблемите на младата популација  и активно се залага за отсранување на дискриминацијата во општеството.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)