Петковски: Граѓаните бараат редовна достава на сметки

Голем број кумановци имаат поплаки во врска со ненавремена достава на сметките на нивна адреса , рече советникот Драган Петковски на последната седница на советот на општината. Петковски ги праша директорите на јавните претпријатија  „ Чистота и зеленило„ и  „ Водовод“ дали планираат да преземат мерки за навремено доставување на сметките до корисниците.

Директорот на „Чистота и зеленило “ , Даниел Стојчевски посочи дека како јавно претпријатие редовно ја вршат услугата на граѓаните и постојано изнаоѓаат начини како полесно граѓаните да ги плаќаат сметките. Стојчевски рече дека сметките ги доставуваат преку инкасатори, но во тек и постапка за измена на системот на наплата.

– Кога зборуваме за 21 век за еден софистициран начин на наплата во сите институции во целото општество факт е дека јавното претпријатие не може да биде задоволно од начинот на кој што ние ја вршиме услугата. Затоа ние како јавно претпријатие не само што планираме туку ние и отпочнавме постапка за смена и измена на системот за наплата. Во тек е таа постапка и имаме набавено и нов софтвер. Се надевам дека до крајот на годината ние ќе отпочнеме да работиме на новиот софтвер бидејќи постапката за префрлање на податокот од едниот во другиот систем е поопсежна и е потребно малку повеќе време . По воспоставување на новиот систем ќе влеземе во една процедура за изнаоѓање на начин како граѓаните полесно да ги добиваат своите сметки и како полесно да најдат начин да ги плаќаат сметките за услугата која што им е извршена и нормално јавното претпријатие со тоа да се стекне и со поголем приход и поредовно плаќање на сметките, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Директорот на Водовод, Горан Стојковски објасни дека сметките за потрошена вода се доставуваат преку јавното претпријатие Македонски пошти и досега немале некои поголеми забелешки од корисниците по однос на нередовно доставување на сметките.

-По направените анализи во самото јавно претпријатие во ЈП Водовод , печатење, подготовка и достава на сметки се дадени на јавното претпријатие Пошти на Македонија бидејќи тие се професионализирани за редовна и навремена достава на сметки. Направената анализа покажува дека многу  поевтино едно вакво јавно претпријатие чија основна дејност е достава на сметки да ја врши оваа дејност отколку да се вработуваат инкасатори . Досега за било какво јавување од страна на наши корисници интервенираме до јавното претпријатие Македонски пошти за навремена достава , а во исто време имаме три наплатни центи во рамки на општина Куманово, специјализиран центар за грижа на корисници каде што може да се обратат корисниците .

Директорот  Стојковски најави дека во наредниот период ќе се отпочне и со електронска наплата на сметките за потрошена вода.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)