Петрушевски:Не може секој да зборува за политика

Погрешна е тактиката на двете најголеми политички партии што ја прават одејќи од врата на врата и разговарајќи со граѓаните за политика.

„Во време кога медиумите се толку многу присутни, мислам дека одењето од куќа до куќа во сите населени места е непродуктивно, особено што за политика не ретко зборуваат не компетентни луѓе“ рече советникот Зоран Петрушевски, гостувајќи во емисијата СТАВ.

-Политиката и политичките активности не е нешто што може секој да го прави. Разговор со граѓаните, па не може секој да прави и мислам дека ова што го прават големите политички партии, да се оди од врата на врата, мислам дека им е погрешна тактика. Веќе во развиените западноевропски демократии такво нешто не постои, па не може, како што не може за медицина секоја да зборува, не може секој и за политика. Политика е тоа, држава, општина, институции, па не може секој да разговара за таа работа. Мислам дека такво нешто е непродуктивно и би требало таа работа да се намали. Сега медиумите се толку многу поприсутни, електронските средства се толку поприсутни, да навистина постојат други начини да се објасни политиката. Како може некој активист обичен,  да кој што пак си има своја математика, еве јас ќе глумам партиска активност па потоа ќе дојдат моите па ќе ме вработат или нешто слично, што може млад човек да објасни на врата на еден човек кој што можеби вечера или одмора. Политиката е многу комплицирана тема, многу комплицирана работа, не е таа за секој да ја води и секој да разговара. Мислам дека тоа им е лоша тактика, гледам дека и двете партии тоа го прават, атрактивно звучи,  ние ќе одиме до секој граѓанин , да, ќе се дојде, но резултат од таков не стручен, не професионален контакт може да биде и таков и таков, рече Зоран Петрушевски, советник.

Петрушевски потенцира дека иако во развиените западноевропски демократии такво нешто не постои, претпоставува дека кај нас и предвремените парламентарни избори ќе се водат на потполно ист начин како и претходните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)