Петрушевски: Ветените проекти на Димитриевски се само на хартија

Јалови се обидите на градоначалникот да се оправда преку задолженоста, но без притоа да посочи чии кадри се одговорни за ваквата состојба  и кој ја управува Општина Куманово веќе 28 години, рече денеска на прес конференција Бране Петрушевски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, по отчетот кој во петок го даде градоначалникот Максим Димитриевски. Како што додаде Петрушевски, по само една година кумановци се изневерени, излажани и разочарани од работата на градоначалникот. Ветените проекти, според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ќе останат само на хартија.

–Настрана од десетината асфалтирани и тампонирани улички, со кои се фалеше градоначалникот во својот отчет за сработеното, дозвелете ми да потсетам на дел од проектите кои ги ветуваше истиот тој градоначалник за да ја придобие вашата доверба. Две нови детски градински, индустриска зона во месноста Речица, изградба на нова општинска зграда, изградба на трим патеки и поставување на урбана опрема и изградба на парк за миленичиња и тоа на градскиот кеј, градскиот парк и локалитетот Костурница, стимулација на велосипедизам преку субвенционирање, изградба на нов младински културен центар – Карпошова куќа, театар за деца во Пионерскиот дим, нова спортска сала во СТУ „Наце Буѓони“, нови зелени површини и обновување на постоечките паркови, рече Петрушевски на денешната прес конференција.

Според опозицијата нереазлизирани ветувања се и  водоводот и канализација во руралните средини, изградба на ново училиште, нов генерален урбанистички план и реконструкција на противпожарен дом и осовременување на противпожарната опрема.

–Оваа неспособна и дрска локална власт на СДСМ владее веќе 28 години во нашта општина. Вие заслуживте многу повеќе од ова сега што го имаме. Нашиот град мора да си го врати својот некогашен сјај, за да кумановци бидат горди на својот град, додаде Петрушевски.

Првиот човек на опозицијата упати и честитка по повод утрешниот празник Ден на македонската револуционерната борба.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)