Петрушевски: Власта ги одбива амандманите за градот

Амандмани за почист воздух во Куманово, нови амбулантни возила и проекти за локални патишта, водовод и канализација поднел пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, но владеачкото мнозинство во Собранието ги одбило. Тој информираше дека останува да се расправа за уште два амандмана кои се во делот на комуналната инфраструктура. Вели и во време на пандемија луксузот на функционерите им е најважен.

Поднесов амандмани кои ќе придонесат за почист воздух во Куманово, нови амбулантни возила за нашите здравствени установи, проекти за локални патишта, водовод и канализација, но Власта ги одби, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, информирајќи дека деновиве во Собранието се расправа по поднесените амандмани за буџетот за 2021 година. Нагласи дека во соработка со невладиниот сектор иницијативата О2 поднеле амандман од областа на екологијата, со што државните институции во Куманово би се затоплувале на гас, би биле предвидени субвенции за автомобилите постари од 10 години.

-Мислевме на болницата во Куманово која што е посочена како еден од најголемите загадувачи а веќе четврта година како е ветено дека истата ќе се гасифицира меѓутоа ништо од тоа и веќе четврта година се извршуваат јавни набавки за набавка на мазут. Општина  Куманово со над 100.000 жители, нашата болница, здравствените институции кои што опслужуваат и пошироко во регионот, не е во можност да ја извршува квалитетно таа услуга со едно ковид возило и едно амбулантно возило и сметавме дека набавка на вакви нови возила ќе помогне во транспортот на овие лица до инфективната клиника, но и генерално во подобрување на јавно здравствениот систем. И овие амандмани за жал од владеачкото мнозинство не беа прифатени-наведе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Петрушевски истакна дека останува да се расправа за уште два амандмани кои се во делот на комуналната инфраструктура.

-Знам дека Куманово има сериозни проблеми во овој аспект и несакајќи да издвојувам посебно населено место, сакајќи да и помогнам на општината поднесов два амандмани едниот е 60 милиони денари да се пренаменат за проектирање, затоа што имаме проблем со проектирање, и изградба на локални патишта и вториот амандман е исто така 60 милиони денари за изградба на проекти и водостабдителни канализациони системи поаѓајќи пред се што во 21 век имаме преку 40 населени места кои што немаат вода за пиење-наведе тој.

Според него и во време на пандемија луксузот на функционерите им е поважен. Вели не сакаат проекти, но не се откажуваат од нови вработувања, службени возила и нов мебел. За буџетот смета дека е нереален и неразвоен.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)