Петрушевски: Жално е што ја одбија мојата подадена рака

-Добро е што општинската организација на СДСМ Куманово неколку пати го прегледувала моето интервју емитувано минатиот петок. Но, жално е што за да срочат еден ваков небулозен текст, полн со неосновани лажни обвинувања, што најмалку се однесуваат на мене лично, замислете, им требало дури пет дена. Дали тоа ја покажува нивната тотална некадарност или пак причината е нивната поделеност во табори, нека си одговорат самите. Јас најискрено им посакувам што поскоро да си ги надминат поделбите помеѓу таборите на Спасовски и Димитриевски, не за друго, затоа што тој конфликт е штетен за сите кумановци, што најмногу се покажа во корона-кризата. А како се справија со истата, оставам на статистиката и на судот на кумановци. Жално е и што елитистички ја одбија мојата подадена рака, за формирање на кумановска платформа и заедничка борба за Куманово. Мојата заложба во тој правец продолжува, уверен дека никој од СДСМ Куманово нема да го послуша нивниот Секретар, а охрабрен од прифаќањето на ова моја идеја од страна на градоначалникот на Куманово. Жално е и што СДСМ по скоро 4 години власт никако да излезе од опозицискиот филм. Но веќе на сите им е јасно зошто тоа го прават: – Затоа што СДСМ во Куманово не направи ништо! И затоа прашуваат што ВМРОДПМНЕ направило во Куманово, свесно заборавајќи ги и игнорирајќи ги проектите на ВМРО-ДПМНЕ како Ургентниот центар, рехабилитација на автопатската делница Куманово – Миладиновци, изградбата на автопатската делница Куманово – ГП Табановце, спортската сала Панко Брашнаров во населбата Карпош, реконструкцијата на локалениот пат Куманово – с. Пчиња, тениските игралишта… Заборавија на странските инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ, каде своја егзистенција најдоа голем број кумановци… Заборавија дека воопшто поимот субвенции во земјоделието како политика е воведена од ВМРО-ДПМНЕ! Лично сметам дека ова не е доволно за кумановци, но сепак од СДСМ забораваат на сето ова затоа што им е срам, оти ништо не направија во Куманово. OK на ВМРО-ДПМНЕ Куманово www.vmro-dpmne.org.mk Жално е што до толку се навлезени во опозициски филм, што именуваат поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ како да се сегашни. Но јас би ги советувал да се координираат со нивната централа, оти дел од овие поранешни функционери денес се коалициски партнери на СДСМ, кои сесрдно им помогнаа во изгласувањето на понижувачките уставни измени, или пак, денес се бизнис партнери на нивното раководство. И на крај, колеги од кумановското СДСМ, морам да Ви укажам дека вашиот труд да ми најдете дамка е Сизифов. Пријателски Ве советувам да не си го трошите залудно времето. Такво нешто нема да најдете едноставно затоа што такво нешто не постои. Подобро посветете се на подобрување на животот на кумановци, работа која ја вршите ужасно, ужасно лошо.

Интегрално соопштение од претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)