Петрушевски реизбран за претседател на Сојуз на спортови

Сашо Петрушевски, повторно е избран за претседател на општинскиот Сојуз на спортови. На неодамнешното собрание, каде што членуваат голем број на спортски клубови од градот, тој едногласно ги доби гласовите за да остане на истата функција. Вели дека во претстојниот период најмногу внимание ќе посвети на најболната точка во овој период, односно финансирањето на клубовите, кои што бележат значителни резултати.

-Овие последни години по едно затишје во спортот покрај сите социјални измени во закон за спорт каде што огромен број на клубови стагнираа не се натпреваруваа во првите сојузни лиги, овие години Куманово бележи еден напредок во спортот, бележиме добри резулатити во Македонија но и надвор. Како во масовните така и во поединечните спортови има експанзија на натпреварувачки резулатати што се должи на огромен интерес на млади за спортот-наведе тој.

Според Петрушевски освен кошарката која што забележа голем успех претходните години, напредок има и женскиот ракомет кој се врати во првата лига, футсалот, атлетиката, велосипедизмот, боксот и шахот.

-Ние имаме голем бенефит од целава оваа работа што во последни години многу млади луѓе околу 3000 млади луѓе во своите клубови во разни категории од пионерска до јуниорска категорија влегоа во спортот односно има голем интерес за спортот. Во кошарката имаме неколку школи, во ракомет, во сите категроии се натпреваруваме во сојузни лиги. Што претставува еден огромен бенефит за спортот во Куманово и доказ дека масовноста односно интересеот е на високо ниво-додаде тој.

Тој нагласи дека од оваа година големо внимание ќе посветат и на училишниот спорт, односно на организација на општински натпреварувања. Од општинскиот Сојуз на спортови се надеваат дека на овој начин ќе ги поттикнат младите да спортуваат.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)