Петчлено семејство живее во мизерија

Без елементарни услови, во напуштените простории во зградата на некогашниот суд, во една соба, без струја, греење, храна и основни средства за лична хигиена живее Драган Мирковиќ од Куманово. Со својата сопруга и трите малолетни деца, семејството секојдневно мака мачи како да се прехрани и преживее, затоа што Драган никаде не работи, а не добива ни социјална помош.

-Без струја сум пет години моето девојче немаше видено ниту светло, јадење, пиење, греење. Ништо немаше сега не знам што ќе биде понатаму. Со овие флаши живееме, одиме по канти собираме тоа што можеме-изјави тој.

Инаку Драган е татко на петгодишната Ива, која што пред неколку месеци почина на Клиниката за детски болести во Скопје од премрзнување и досега неколкупати зборуваше за сиромаштијата во која живеат. Од вчера семејството е побогато со уште еден член, бидејќи неговата сопруга родила ќерка, која деновиве треба да дојде во својот дом. Тој се надева дека со помош на хумани граѓани, ќе може на своите деца да им овозможи барем основни услови за живеење, кои ги заслужува секое дете.

-Сакам да ми се пуштим барем струја, ако не е многу да имам барем светло за ова детенце што ќе го донесам од болница. Ако може нешто да донираат во ред, ако не фала и за толк-додаде тој.

Апелот за помош го прифатија жените од невладината организација „Кумановка“, кои денеска однесоа хуманитарна помош.

-Секоја година пред велигденски празници има хуманитарни акции. Оваа година наш сограѓанин од Германија доброволно донираше и на ова семејство му доставивме еден кубик дрва, прехранбени производи-додаде претседателката на организацијата, Виолета Петровска.

Од организацијата информираа дека ќе продолжат со ваквите хумани акции и дека покрај семејството Мирковиќ ќе посетат уште три семејства во Куманово.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)