Пет брачни двојки се венчаа во Бедиње

Со групна венчавка во црквата „Света Петка“ во населбата Бедиње пет брачни парови од Куманово викендов го кажаа судбоносното ДА пред Бога. Иако долги години од животот поминале заедно, сепак им недостасувала венчавка во црква.

Според отец Антонио Стојковски, причината за венчавањето после толку години повеќето од нив ја гледаат во условите кои биле поинакви кога тие запловиле во брачните води.

-Интересно е тука што човек кој за време на комунизмот бил воено лице, во тоа време не било дозволено, сега човекот доаѓа со својата сопруга да се венча. На овој убав ден на денот на Свети Кирил и Методиј ќе извршиме свето венчание, никој не се сомнева во љубовта на овие луѓе затоа што тие толку години не се во брак, меѓутоа тука е битно осветувањето, го имаат Христа помеѓу себе за да им биде пат и водител  во нивниот живот, изјави отец Антонио Стојковски во црква „Света Петка“

Ова е вторпат како сопружниците со бесплатна групна  венчавка го крунисуваат својот брачен живот во оваа црква, а трет пат во организација на Кумановско-осоговската епархија.

На 6- ти јуни во црквата Св Никола,  ќе се одржи групна крштевка за која можат да се пријават некрстените граѓани  постари од 18 години.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)