Пет ноемвриски награди во Старо Нагоричане

Општина Старо Нагоричане годинава ќе додели пет ноемвриски награди , информираа од комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија од Советот на општината. Овогодинешниот конкурс веќе е распишан, а ноемвриската награда се  доделува на свечена седница по повод 11 –ти Ноември,  Денот на општина Старо Нагоричане. Пријавувањето на кандидатите е започнато и ќе трае до 25 –ти октомври, соопшти претседателката на комисијата, Тања Јовановска.

-Сите кои ќе се пријават на тој конкурс ќе треба да бидат успешни во тоа што го работат, да ја претставуваат општината и да бидат жители на Општина Старо Нагоричане. Минатиот пат во 2016-та година беа доделени пет Ноемвриски награди. Исто и оваа година ќе има пет Ноемвриски награди за физички и правни лица, најдобар просветен работник, најдобра фирма, најдобар сточар, земјоделец и најдобар спортист, изјави Тања Јовановска, претседател на Комисија за одбележување празници

За Ноемвриска награда секој може сам да се пријави, а можат да го пријават индивидуалци или пак здруженија на граѓани.

Инаку, како што информира Јовановска, минатата година поради локалните избори не беше одржана свечената манифестација по повод денот на Старо Нагоричане.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)