Пешаците задоволни од поставувањето столпчиња

Додека дел од станарите на булеварот и дуќанџиите имаат забелешки на поставуваањето столпчиња, пешаците пак и велосипедистите ја поздравуваат иницијативата на општината, за ослободување на тротоарите. Заеднички е ставот дека тротоарите треба да бидат слободни со движење, но и дека треба да се обезбедат паркинг места.

Пешаците и велосипедистите го поздравуваат проектот на општината за поставување на столпчиња, како мерка за ослободување на тротоарите од автомобили, во рамки на проектот „нулта толеранција за узурпација“. Тие велат дека конечно можат да се движат непречено и безбедно на тротоарите.

-Јас мислам дека е убаво, треба да има како ограда, такво нешто. Не би требало каде што се движат луѓето да има возила, но така е-вели една кумановка.

-Подобро е луѓето паркираат не може човек каде да помине. Ова е покултурно за сите нас. Во Европа е така, треба да пешачиме, а тие се паркираат не може човек да помине-вели еден пешак.

-Добро е убаво е, да може да се оди пеш, инаку не можеш да поминеш од автомобили. Што да им правиме, нека мислат властите, нека ги прошират улиците, да направат тротоари, паркинзи-дополнува кумановец.

Но додека пешаците ја поздравуваат иницијативата, дел од станарите на зградите од булаварот „Октомвриска револуција“, како и дуќанџиите имаат забелешки за поставувањето столбови, бидејќи немаат каде да ги паркираат возилата, како и дека немаат можност да ја донесат и однесат робата.  

Дел од граѓаните кои пазарат во супермаркетите на булеварот започнаа своите возила да ги оставаат на коловозната лента. 

-Зависи каде треба да се постават, пред полицијата, општината, судот, пред важните места, треба да се постават да биде слободно, да не се паркираат, а на некои места каде што не треба да се обележат паркинзи, а тие се обележани, само се собираат пари, ништо друго, каде луѓето да ги стават автомобилите, на глава? Некаде се поставуваат кај што треба, а некаде не-додава еден кумановец.

-Ова е добро, но ќе ги искршат сигурно. Ова е убава работа, практично е, но треба да се направат и паркинзи. Еве каде се паркирав да купам нешто, се крадам  пет минути, но убаво е, си личи-вели еден кумановец.

-Не се убави, бојата не одговара на амбиентот. На какви места паркираат па луѓето мораат да одат по улица па може некој да ги згази. Не можеш да кажеш, некаде треба, некаде не. Луѓето доаѓаат на кејот да се прошетаат, голема е површината никогаш немало гужва. И таму е се зеленило, убава природа, а оваа боја го уништува-вели еден граѓанин.

Додека трае поставувањето на столпчињата, едното пајак возило, на јавното претпријатие Куманово паркинг, ги отстранува автомобилите кои се паркирани на тротоарот.

Освен поставувањето столбчиња, општината започна и постапка за отстранување на времените објекти од улицата 11-ти октомври.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)