Пинк понг клубот Куманово продолжува со победи

Пинг понкарката Ива Димитриевска од клубот Куманово вчера на изборниот турнир „Топ 8“ за пионерки кој што се одржа во спортската сала на Гимназијата „Гоце Делчев“ го освои првото место. На натпреварот учество земаа најдобрите осум пионерки од 24то државно поединечно првенство за пионери и пионерки кое што се одигра минатата недела во истата сала. На тоа првенство пионерките кои што играа вчера ги елиминираа останатите осум кои не влегоа во тесниот избор. Со седум победи и со само еден изгубен сет оставајќи ги зад себе, второ пласираната Добринка Сотирова од пинг понг клубот „Градба Промет“ од Кавадарци и трето пласираната Ана Стајановска од пинг понг клубот „Крива Паланка“, Димитриевска ја потврди својата доминација во пионерската конкуренција на државно ниво. Пионерките посочуваат дека мора сериозно да се тренира и да се биде во тренд со новите елементи што во пинг понг како спорт се појавуваат за да се постигнат резултати. Двете најдобри на турнирот Димитриевска и Сотировска покрај учествата на државни првенства, самостојно како противници и во двојки имаат играно заедно на мечевите во двојки на балканското првенство. Најдобрите пионерки на турнирот од наредната година ќе преминат во конкуренција на младинки.

Сите мислат дека овој спорт пинг понг не е толку заморен како кошарка, но тука треба да се игра да се има концентрација да се има енергија за да ги постигнеш посакуваните резултати.Вежбав онаа недела четири пати во недела по пет часа, вели Ива Димитриевски, пионерка во ППК Куманово

Тренирам околу 5 години пинг понг, ова ми е четврто пинг понгкарско првенство. Во 2014 бев шампион, 2015 вицешампион и оваа година се борам за пласман, вели Добринка Сотирова, пионерка во ППК „Градба промет“ Кавадарци

Тренерот на пинг понк клубот Куманово, Мики Трендафиловски истакна дека пионерките кои вчера учествуваа на турнирот како осум најдобри имаат потенцијал за понатамошно развивање. Турнирот се играше по бергеров систем со што последните мечеви се одликуваа со голема желба и борба за победа. Дел од останатите тренери чии што претставнички ги зазедоа останатите места на турнирот посочија дека моментално првите три пласирани пионерки реално имаат најголеми шанси за освојување на целокупниот шампионат.

Тука навистина се најдобрите осум и се игра по системот секој со секого што значи дека секоја пинг понкарка ќе одигра седум натпревари. Сите овие девојчиња се познаваат меѓу себе, има една пријатна другарска атмосфера, спортска; кога се во ринг не се жалат, а вака се добри пријателки и другарки , вели Мики Трендафиловски, тренер на ППК „Куманово

Тие се подобри моментално ние настојуваме да ги престигнеме. Ние имаме преднос во едното девојче кое е најмало на турнирот, петто одделение, има 11 години и се надевам дека со тоа девојче догодина бидејќи останува пионер, ако не догодина ќе имаме аспирации за прво место во 2018 година, вели Михаил Габеловски, тренер на ППК Крушево

Ива Димитриевска има неколку победи по ред на државните првенства и покажува солидни резултати на меѓународните турнири со што се очекува наредната година да продолжи во ист ритам кога ќе премина во конкуренција на младинки. 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)