„Пинокио“ премиерно пред учениците

Детската претстава „Пинокио“ попладнево  премиерно се изведе во кумановскиот театар пред учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“. Театарот Куманово со „Пинокио“ утре ќе се претстави  на третиот по ред  фестивал за деца и младинци „Малиот принц“ во Штип. Претставата е работена според текстот на Карло Колоди, а е во режија на Бојана Краљевска.

– Се обидовме низ песна и игра да направиме интересна претстава и низ шаренило со сценографија и костими, па се надевам дека ќе помине добро и ќе биде прифатена од страна на децата бидејќи тие се најискрена публика, вели Бојана Краљевска, режисер.

Во претставата Пинокио играат Александра Михајловска, Владо Дојчиновски, Сања Русевска, Мартин Лазаревски, Кети Дончевска Илиќ и Љупчо Хаџи-Стојанов.

–  Јас го играм Пинокио, пресреќна сум поради тоа. Кога се прави детска претстава прекрасна е атмосферата, сите сме весели, еве сега ќе почнеме ќе оди редовно на репертоарот и се надеваме дека што е можно повеќе деца од градот ќе ја гледаат, вели, Александра Михајловска, актер.

Театарската сала беше пополнета до последното место, а децата со големо внимание ја проследија претставата.Претставата „Пинокио“ во текот на месец октомври ќе биде на театарскиот репертоар, а планирана е организирана  посета од различни  основни училишта во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)