Планинарите од „Козјак 2013“ обележуваат патеки

Членовите на здружението за планинари и заштита на планината „Козјак 2013“ периодов работат на обележување и уредување на три планинарски патеки на планината Козјак Се работи за планинарски патеки од меморијалниот центар Пелинце преку врвот Китка до мегалитската опсерваторија Кокино, потоа од Кокино до водопадот во село Длабочица и од селото Сув Ора преку манастирот Карпино до село Арбанашко. Претседателот на здружението, Марјан Милановски објасни дека обележувањето е во рамки на проектот на Агенцијата за поддршка на туризмот во Република Македонија.

-Се работи за вкупна должина од околу 60-ина километри планинарски патеки кои ние како здруежние имаме обврска да ги обележиме, уредиме, да бидат правилно измаркирана за да можат да бидат безбедно користени за рекреативно планинарски тури. На овој проект работиме околу 2 години беа вклучени 30 ина луѓе во различно време од годината во слободно време, беа поставени некаде околу 50 патокази за означување и со маркација обележани истите тие патеки-истакна тој.

Милановски нагласи дека во наредниот период останува уште поставување на 5 инфо табли, на кои ќе се наоѓа должината на патеките, висинската разлика, пределог низ кој поминуваат, односно сите инфомирации кои ги интересираат луѓето кои рекреативно ќе се движат.

-Овој проект бараше доста труд, време таму каде што можевме патоказите ги носевме со теренско возило, каде немаше пат мораше да се носат во раце, тука помогнаа многу членовите на клубот, еве полека се приближуваме кон завршување на проектот. За понатаму ќе видиме ќе имаме обврска според договорот да ги одржуваме тие патеки се надевам дека ќе можеме да обележиме и некои други бидејќи има доста голем избор на патеки на планината Козјак кои се вредни за поминување-додаде тој.

Милановски истакна дека најфреквентни се патеките до водопадот Длабочиња која е средно тешка, како и турата од село Пелинце, преку врвот Китка до мегалитската опсерваторија Кокино, која исто така е тешка патека. Додаде дека истата ја организираат секоја година, а во просек доаѓааат околу 300 љубители на планината, од сите планинраски друштва од државата, но и од Република Србија и Република Бугарија.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)