Планинарското друштво Куманово врши упис на нови членови

Со цел афирмација на планинарските спортови и зголемување на своето членство Палнинарското друштво Куманово врши упис на нови членови.

Чланарината изнесува 350 денари, од кои 100 денари одат за планинарската книшка на ФПСМ, односно Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, а останатите 250 денари одат на контото на клубот. За 2017 година, ПД Куманово планира организирање на многу акции, дел од нив ќе бидат во нашата држава, а дел во странство. Како побитни можам да ги издвојам планинарските акции на Јулиските Алпи во Словенија, Олимп еден од технички најтешките врвои на Балканот, а исто така во соседна Бугарија, односно Мусала и … , двата највисоки врвови на Балканот – изјави Стефан Илиевски, Планинарско друштво Куманово.

Членовите на друштвото се презадоволни од годината што изминува, со оглед на фактот дека имаат реализирано околу 55 реализирани акции.

Мора да се пофалиме дека еден од нашите членови ја изоди западната трансферзала,  односно од врвот Љуботен до градот Охрид, а исто така наша членка имаше искачување на Алпите во Швајцарија – додава Илиевски.

Друштвото засега брои околу 50 членови, од кои 35 активни секој викенд.

Сите љубители љубители на планината и природата можат да ги посетат на нивните состаноци во Центарот за култура секој вторник во 19 часот и да се запознаат со нивната програма и активности за претстојната година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)