Пластична Македонија

Чиста животна средина, здрав живот исполнет со уживање!

Најголемиот придонес во денешно време кој може да се оствари за себеси, блиските, човештвото, нашата сакана татковина и нашето опкружување е токму нашата еколошката свест и нашето залагање за чиста и здрава животна средина и природа!

Постојано гледаме филмови во кои сите ние се восхитуваме на дисциплината и чистотата што ја имаат другите култури и народи. Секој од нас барем еднаш има речено дека тоа е „западот“. Па што? Зошто ние не се потрудиме фрлањето на отпадоци да биде во канта, уште подобро во канта за рециклирање па до некаде да го стасаме западот и сликата за нив.

Постојано се жалиме на загаденоста од ѓубриштата коишто самите ние ги правиме. Се жалиме и никој ништо не прави. Луѓето само го гледаат ѓубрето и си продолжуваат со животот. Но, сето тоа влијае на нас. На храната што ја внесуваме во нашето тело, со самото тоа влијае и на здравјето.

Гледајќи ја целокупната слика, што многумина не го прават тоа, со фрлање на отпадоците како што се пластични шишиња, канти, конзерви го влошуваме и воздухот. Безгрижното работење на фабриките без филтри го направи воздухот во Македонија да ја помине и тоа многу високо границата. Да не можеме да излеземе без маска само поради наша кривица. Во самиот главен град веќе многу одамна е вклучен црвениот аларм поради високиот степен на загаденост. Но, ниту оваа не претставуваше алармантен знак за граѓаните.

Основните работи потребни за нормален живот, како земјата од која се храниме, потребниот воздух и вода ние свесно ги уништуваме. Без срам непотребните работи од домаќинствата завршуваат во реките. Наместо да ја гледаме позитивната страна на имање на реки од кои можеме да црпеме голема корист како зголемувањето на риболовот, градење на хидроцентрали, ние го убиваме сиот живот кој го има во реката. Степеност на загаденоста постојано расте и се уште ќе расте се додека еколошката свест кај луѓето не проработи. Како времето поминува ѓубриштата се повеќе и повеќе се таложат, затоа треба побргу ДА СЕ РАЗБУДИМЕ И ДА ЗАПОЧНЕМЕ СО АКЦИИ ПРЕД ДА СТАНЕ ДОЦНА.

Пишува Анастасија Величковска, дел од наградниот конкурс „Млади репортери за животната средина“

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)