Плинска боца ја предизвикала експлозијата

Запалена плинска боца е причината за синоќешната експлозија во една од зградите на булеварот Октомвриска револуција. По извршениот увид од јавен обвинител, увидна екипа од СВР Куманово, и стручни лица од Одделот за антитероризам при МВР, е констатирано дека боцата се наоѓала во кујна во станот на третиот кат.

Во експлозијата нема повредени, само е предизвикана поголема материјална штета. Во зградата 5, прв влез, како и на соседните згради, се искршени речиси сите прозорци.  Уништена е и влезната врата на зградата, собните врати, а во два станови и севкупниот мебел. Денеска пред зградата беше раздвижено, станарите го чистеа стаклото и ги заменуваа  прозорците.

Иако не сакаа да зборуваат пред камерата, се уште видно вознемирени, истакнаа дека нешто по 18 часот, слушнале силен удар, па во прв момент помислиле дека се работи за бомба.  На лице место, синоќа беа присутни екипи на СВР Куманово, противпожарната единица и итната помош.

-Нема повредени лица, тие што беа внатре ги евакуиравме. Имаше едно дете, кое во моментот спиело , така што не е во паника, и едно постаро лице. Нема опасност, мирно е се е локализирано, така што граѓаните не треба да стравуваат-изјави Марјан Гелевски, командир на смена во ТППЕ Куманово.

Во соопштението од СВР Куманово не се наведени причините поради кои се запалила боцата.

 

 

.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)