„Плус инфо“ објавува дека Скопје за викендов ќе се испразни – сите на вакцинација во Белград

Министерство за здравсто вели дека нема никаква пречка тие да се вакцинираат во било која друга земја, ако добијат уредна потврда.

Голем број македонски граѓани кои добиле термини да ја примат вакцината „АстраЗенека“, викендов во Србија, веќе почнуваат да се организираат за групно заминување во Белград, објавија дел од медиумите.

Вакцинацијата ќе се врши само со „АстраЗенека“, во просториите на Белградскиот саем, а од нашето Министерство за здравсто објавиле дека нема никаква пречка тие да се вакцинираат во било која друга земја, ако добијат уредна потврда.

Викендов во Белград ќе се организира и вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија кои сакаат заштита од коронавирусот, изјави претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез.

Како што е најавено, обезбедени се 10.000 вакцини. ви го пренесуваме текстот објавен на Плус инфо.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)