Победата на МЗТ се должи на задоцнета реакција на записничката маса

Кошаркарите на Куманово загубија на домашен терен од МЗТ Скопје со резултат од 102-107 по продолженијата.

После почетната смена на водството кумановските кошаркари почнаа да го остваруваат ветениот триумф на домашен терен во Куманово. Во средината на втората четвртина кумановци почна достигнаа максимални 11 поени предност. Марко Симоновски беше клучен играч на МЗТ Скопје кој го врати шампионот во игра и со неколкуте тројки успеја да ја разбие разликата на домаќинот. Слободните фрлања скапо го чинеа Куманово откако Саша Аврамовиќ, Урош Луковиќ и Александар Костоски не погодија од линијата за слободни фрлања во клучните моменти од натпреварот. На два поени негатива, Куманово успеја да го одбрани нападот на МЗТ Скопје, а Луковиќ не ја прифати убаво топката која се најде право во рацете на Симоновски кој беше сам под кошот и погоди во последната секунда. Судиите го признаа кошот и натпреварот се одигра во продолженија.

МЗТ поискусно ја искористи шансата што им беше пружена кога Марко Симоновски и Александар Чапин направија недостижна разлика за кумановци.

МЗТ извојуваше голема победа во Куманово, и со предност од 2-0 го дочекува следниот натпревар во Спортскиот центар Јане Сандански.

По завршувањето на натпреварот постојат реакции дека победата на МЗТ се должи на задоцнета реакција од страна на записничката маса. Иако на семафорот стоеше 2.4 секунди до крајот, од првиот контакт со топката по слободните фрлања, до моментот на нејзиното исфрлање поминаа точно 2.73 секунди. Според информациите, допрва следуваат дополнителни анализи и дебати на спортската јавност во Македонија за регуларноста на поените.

Бранислав Ѓекиќ беше најефикасен во Куманово со 23 поени, додека, од редовите на гостинскиот тим, Марко Симоновски со 21 поен и 5 постигнати тројки е најистакнатиот кошаркар на синоќешниот натпревар.

Следниот натпревар се игра во вторник во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)