Победа за ракометарите, пораз за ракометарките

Ракометарите на Куманово вчера на гостински терен го совладаа составот на Спартак со резултат 28:29 во рамките на третото коло од првата машка ракометна лига.

Убедлив старт и одлична игра прикажаа кумановци, па на полувреме заминаа со резултат 13:16, што беше уште поголема мотивација, со солидната игра да се продолжи и во текот на вториот дел од средбата.

РК Куманово моментално има две победи во табелата од првенството, од вкупно три одиграни натпревари.

Убедлива победа со резултат 34:09 бележат и пионерите на Ракометниот клуб Куманово, кои го совладаа составот на РК Аеродром.

Во третиот натпревар од новата сезона против европскиот вице-првак Вардар женскиот ракометен клуб Куманово е поразен со резултат 52:25.

Резултатот за ЖРК Куманово не беше во прв план туку што повеќе ракометарки да стекнат искуство повеќе, а тоа го покажа и листата на стрелците каде што успеаја да се запишат дури 10 ракометарки во гостинскиот тим. Избраничките на тренерот Ивановски беа повеќе фокусирани кон нападот, а успеаја на европскиот вице-првак и освојувачот на ВРХЛ лигата да му дадат 25 голови.

Најефикасни кај ЖРК Куманово беа репрезентативката Александра Боризовска и Викторија Пеовска со 5 постигнати гола.

Меѓутоа радува фактот  што во кадетската лига натпреварот помеѓу истите противници заврши со резултат од 26:26. Најефикасна во овој дуел беше Мила Трајковиќ со 10 реализирани погодоци.

Следниот натпревар сениорките на Куманово го играат на домашен терен, против составот на Вардар Јуниор.

Коментари

коментар(и)