Победа на КК Куманово над КК Работнички

КК Куманово, на домашен терен успеа да извојува забележителна победа против КК Работнички со резултат 94-88 во натпреварот кој се одигра во сабота.

По достигнати максимални 24 поени разлика пред крајот на третата четвртина, Димитар Мираковски со две врзани тројки успеа да го врати Работнички на достижни 14 поени разлика.

Куманово успеа да ја оддржи предноста преку Луковиќ, Караџовски и Јанески, со резултат 78-63 на 5 минути пред крајот на мечот.

Иако за кумановци, во овој момент, натпреварот беше готов,  30 секунди пред крајот на мечот, Димитар Мираковски постигна три тројки во серија, Јане Петровски 2 тројки по ред, а Мираковски на триесетина секунди пред крајот на натпреварот ја постигнува својата осма тројка за резултат 88-86 по што следуваше фаул над Костовски кој со двете слободни фрлања го постави конечниот резултат од 94-88.

Тренерот на КК Куманово, Страшо Тодоровиќ,  наведе дека екипата треба да биде подготвена подобро доколку сака повисок пласман.

-Сега не чека уште едно дерби со МЗТ во Скопје каде завршува лигата. На 28-ми е суперлигата и доаѓа Рилски, каде мора да бркаме 12 поени разлика и мора да се спремиме добро за да бидеме четвртопласирани на БИБЛ лигата- изјави тој.

Куманово со 25 бода е на четвртата позиција на табелата, а ист број на бодови имаат првопласираниот МЗТ Скопје, но со еден натпревар помалку, втор е Работнички, а трет е Фени Индустри.

Следното коло е последно од Првата кошаркарска лига, а Куманово гостува на екипата на МЗТ Скопје.

Коментари

коментар(и)