Повеќе локации во Куманово и околината во текот на утрешниот ден ќе бидат без струја

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај дел од корисниците на улицата „Доне Божинов“ (кај место Средорек спротивно од Висто, сервис Демишковски, Аутоцентар Ацо и околината.

Од 08:45 до 15:00 часот прекини ќе има во селата: Клечовце, Новосељане, Скачковце, Колитско, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, Кучкарево, Габреш, Зубовце, К’шање.

Во период од 08:00 до 09:00 часот без струја ќе бидат корисниците околу Спомен Костурница (Прмакови ниви)

Прекини од 09:30 до 11:30 часот ќе има во селото Старо Нагоричино – пат кон Никуљане (маала Томинци, Богдановци, Целолепци).

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)