Повеќе од 500 лица се без социјална помош

Повеќе од 500 лица од Куманово останаа без социјална помош, откако со измените на Законот за банки, Министерството за труд и социјална политика има пристап во банкарските сметки на граѓаните. Од Националниот ромски центар сметаат дека постојат низа пропусти и дека поради тоа на граѓаните веќе три месеци им е ускратено правото на социјална помош. Тие велат дека бројот не е занемарувачки и дека под итно треба да се најде решение, бидејќи на повеќето лица тоа им се единствени примања.

-Им биле потребни тие средства и ги добиле од своите роднини, пријатели но сето тоа било во 2014 година а законот започна да се спроведува од 2015 година што значи дека не важи за 2014, меѓутоа не знам врз која основа, а од друга страна и овие мали банкарски фирми кои имаат различни имиња дури имаат и еден вид на прекршувања на правото на приватност и тука има влез во толкувањето на овие одредби и навистина јас не знам која е целта.  Дали е целта да се намали се поголемиот број на луѓе на кои им е навистина потребна социјалната помош и да се прикаже дека граѓаните на Македонија се добро ситуирани иако според уставните одредби ние сме социјално ориентирана држава и сме за социјална правда.

Тој укажа дека се појавува проблем и поради тоа што Центрите за социјални работи не ги доставуваат решенијата на домашните адреси на граѓаните, за да знаат дека им е ускратено правото на социјална помош и навремено да реагираат. Од Националниот ромски центар информираа дека поради ускратената социјална помош веќе се поднесени претставки до надлежните институции.  Тие ги повикаа граѓаните во иднина навремено да се информираат кај нив за своите права од социјален, здравствен и економски аспект.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)