Повисоките зони немаат редовно водоснабдување

Граѓаните  кои што живеат во повисоките зони на Куманово  со поплаки дека деновиве  имаат проблеми со водоснабдувањето. Во некои населени места  се случува вода да нема и по неколку часови, а пак во делови од градот притисокот е намален. Граѓаните апелираат  да се нормализира водоснабдувањето и во високите зони, а не само во централното градско подрачје.

-Имаме проблеми, вода немаше  два дена, во меѓувреме се снаоѓаме,  полниме шишиња, за перење и миење користиме од бунар, изјави анкетиран граѓанин од населба Карпош.

-Често снемува вода , особено во недела кога сите перат и прскаат дворови и бавчи , изјави друг анкетиран граѓанин од Зелен рид.

Високите температури беа причина за зголемената потрошувачка на вода во Куманово, која последниве неколку дена ја достигнува  максималната потрошувачка за тековната година, велат од јавното претпријатие „Водовод“. Надлежните апелираат  граѓаните да внимаваат и рационално да ја користат водата, за да има редовно водоснабдување и во повисоките делови од градот.

Инаку, за разлика од претходните години кога поради одредени недоразбирања меѓу Водовод и Водостопанство  летниот период градот остануваше без вода, сега состојбата е подобрена. Надлежните од Водовод потенцираат дека  нема проблеми со водоснабдувањето, бидејќи ги имаат  потребните количини на вода од водостопанство „Кумановско-липковско поле“, како и алтернативните извори Бедиње и Проевце кои во овој период работат со максимален капацитет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)