Повредени двајца млади кумановци во сообраќајна незгода

Во сообраќајна незгода повредени се двајца млади кумановци во Сопот. МВР информира дека вчера напладне во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Сопот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано  19 годишен кумановец и мопед, управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.

Според МВР, во незгодата  возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот од селото Горно Којнаре, кумановско, констатирани во Општа болница во Куманово.

Коментари

коментар(и)