Погребан борецот Спиро Зафировски

-„Иако бевте болен до последен момент бевте со нас на разните одбележувања кои што ги организиравме, а последното беше на 13 јануари годинава во Пелинце.

Токму поради несебичната  ангажираност и посветеност , повеќе мандати бевте претседател на општинската организација на Сојузот на борците“ –  беше речено при денешното испраќање до  вечното почивалиште на претседателот Спиро Зафировски. Учесникот во НОБ почина вчера на 90 годишна возраст.

 

 -Вие сте современик на онаа бивша Кралевска Југославија кога започнавтеда го изучувате занаетот при што ги осетивте сите неправди и пробеми на тоа живеење. Доаѓа Втората светска војна во која зедовте активно учество како борец, а подоцна и како известителен офицер на 17-та Македонска бригада со која наредивте многу борби и победи против окупаторот и ја дочекавте слободата односно формирање на слободна држава Македонија , а посебно 11 ноември 1944 година кога со својата бригада влеговте во слободно Куманово, активно се вклучивте во повоената изградба на државата, рече Благе Јакимовски, секретар на ОО Сојуз на борци Куманово

 

На 19 годишна возраст се приклучува на НОБ  како извидничар во Службата за известување, а учествувал и во формирањето на Трета Македонска Ударна Бригада.

По завршувањето на Втората Светска војна, Зафировски продолжил да работи во ЈНА и Територијалната одбрана на општина Куманово како началник на штаб од каде и стапува во пензија. Во време на поранешна Југославија е одликуван со повеќе ордени.

 Последна почит на првоборецот Зафировски на градските гробишта му оддадоа семејството, роднините, пријателите, членовите на боречката организација, претставници на Советот на општината, на АРМ и останати.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)