Поделени мислењата што нема новогодишен концерт

Кумановци со поделени мислењa зашто годинава нема да има организиран пречек на Нова година на Градскиот плоштад.  Дел од граѓаните не се согласуваат со одлуката на Општината, тврдејќи дека традицијата треба да продолжи, бидејќи тоа се практикува во сите градови, но има и такви што сметаат дека наместо да се трошат пари за познати група или пејач од балканските простори, подобро да се употребат за проекти во градот.

Наместо организиран пречек, Општината одлучи годинава на 30-ти декември да се одржи речиси целодневен новогодишен хепенинг.  За разлика од претходните години кога се трошеа 300.000 денари, овој пат прославата ќе чини околу 120.000 денари. Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски тврди дека одлуката да не се одржи новогодишна прослава не е заради финансиски причини, туку поради намалениот интерес на граѓаните.

-Имам чувство дека минатите години интересот за прослава на Градскиот плоштад на 31-ви се намалува од многу разбирливи причини тоа е период во кој има многу ниски температури и луѓето сега ги повржуваат празниците и одат на дружби на подолг период, викенди, зимување. Трошиме народски пари и треба да предизвикаме интерес од таа позиција одлучивме тоа да го направиме на 30-ти да биде убава прослава, градот ќе биде украсен-нагласи Дамјановски.

Новогодишниот хепенинг на 30-ти декември е предвидено да започне во 11 часот, кога Дедо мраз ќе им ја честита Новата година на најмалите. Потоа ќе следат настапи на неколку кумановски групи, кои исполнуваат народна музика, а манифестацијата ќе ја затворат неколку групи од забавен карактер и рок бендови. Постои можност да настапи и македонската музичка ѕвезда Даниел Кајмаковски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)